Чаир стартуваше со подготовки, во средината на август ќе настапи на силен турнир

Третопласираниот тим од минатата сезона во Женската лига, Чаир, го означи стартот на подготовките за новата сезона.

Чаир се засили со шест нови ракометарки – Клеа Ајвази, Севда Озкан, Марија Галевска, Ивана Џатевска, Бојана Диневска и Теодора Дукоска.

Според претходно изготвен план и програма, екипата првата фаза од подготовки ќе ja реализира во Скопје, со комбинирани тренинзи во сала, фитнес сала и на отворено.

Потоа следува настап на силен турнир во чешкиот град Ходинин, каде избраничките на Басри Љатифи ќе имаат четири проверки.

Покрај настапите во Женската лига, Чаир ќе игра и на меѓународна сцена во Европскиот Куп, каде за ривал го доби холандскиот состав Венло.