Алушовски пристигна на Исланд, веднаш се фати за работа со Тор

Македонскиот стратег Стевче Алушовски, во новата сезона ќе има нов предизвик и ќе го води исландскиот тим Тор.

Тој во саботата пристигна на Исланд, а вчера го имаше првиот состанок со ракометарите на Тор, како и со членовите од раководството и младинскиот погон.

Уште денеска Алушовски ќе почне со работа, а неговата цел ќе биде враќањето на клубот во елитната конкуренција на Исланд.

Стратегот претходните година и пол го водеше шампионот Вардар, а претходно седеше на клупите на Пелистер и Еурофарм Работник.