Андреа Седлоска со „четворка“ дебитираше за Ускудар

Македонската репрезентативка Андреа Седлоска го имаше своето деби во турскиот шампионат за новиот клуб.

Таа по долги години во Локомотива Загреб oва лето се реши за нов предизвик и потпиша за турскиот Ускудар.

Левиот бек на Македонија имаше одлично деби и постигна четири гола, но Ускудар беше изненаден на домашен терен од новиот суперлигаш Маниса, кој славеше со 33-31.

Следен предизвик за Андреа Седлоска и Ускудар ќе биде гостувањето кај Одунпазари на 5 септември.