Алушовски: Лошиот старт се одрази на целиот натпревар

Вардар загуби од Мотор Запорожје со убедливи седум гола разлика, 30-23, во регионалната СЕХА лига.

Стратегот Стевче Алушовски вели дека лошиот старт се одразил на целиот натпревар и било тешко да се брка таква предност.

„Имавме лош старт, примивме седум гола во серија, па тоа се одрази на целиот натпревар. Со таква предност Мотор го заврши првото полувреме, а потоа беше тешко да се игра против ривал кој играше на повисоко ниво. Се обидовме да им парираме, пробавме и со седум на шест, но ништо не функционираше“, изјави Алушовски.

Следен предизвик за вардарци ќе биде дуелот од Лигата на шампионите против Мешков Брест на 4 март.