Алонсо: Вардар ни ги „врати“ насмевките!

Ракометарите на Мешков Брест сигурно ниту во најлудите соништа не очекуваа дека ќе го совладаат Вардар со убедливи девет голови разлика. Тренерот Раул Алонсо вели дека оваа победа им ги вратила насмевките на лицата.

„Јас можам да му честитам на мојот тим за одличната игра против европскиот првак Вардар,  против кој никогаш не е лесно. Ние го знаеме нивниот борбен дух и нивниот карактер. Кај нас исто така е тешка ситуација, но ние продолжуваме да работиме, да правиме добри нешта. Денеска бевме тим, особено во вториот дел. Вардар можеби не беше во полн состав, но ние тоа го искористивме. Насмевките се вратија кај нас“, изјави Раул.

Мешков Брест има мали шанси за пласман во осминафиналето, а во последното коло гостува кај тимот на Келце.