Алмеида и Јанкуловска постигнаа по 11 гола, Куманово славеше во Битола

Лидерот во Плеј-офот од женската Суперлига тимот на Куманово славеше со 27:31 против четвртопласираниот Пелистер. Куманово со овој триумф ја врати предноста на врвот на табелата.

Првото полувреме донесе изедначена игра и ниту една од двете екипи не успеваше да направи предност поголема од два разлика, а и таква предност имаше само Куманово на стартот од мечот кога водеше со 4:6 и 5:7. Во преостанатиот дел од првите 30 минути двете екипи се менуваа во водство со по еден гол предност. На пауза се замина со 14:15 за гостинскиот состав.

Почетните минути од првото полувреме можеби беа и клучните на натпреварот. Тогаш ракометарките на Куманово за првпат поведоа со четири разлика. Домаќините по тоа водство ниту еднаш не успеаа да се вратат и да изедначат, а најголемото доближување беше на „минус 2“ (22:24). Во завршницата Куманово ја врати подобрата игра и сигурно го приведе натпреварот кон крајот.

Двете најефикасни ракометарки на натпреварот постигнаа по 11 голови, Алмеида во редовите на Куманово и Марија Јанкуловска кај Пелистер.