Алекс Душебаев го пропушта стартот на новата сезона

Полскиот шампион Келце одреден период нема да може да смета на услугите на новиот капитен, Алекс Душебаев.

Десниот бек на шпанската репрезентација продолжува да се опоравува од повредата на рамото и најверојатно во составот на Келце ќе се врати за три до четири недели.

Тоа значи дека ќе биде неизвесен за првиот натпревар од Лигата на шампионите против Динамо Букурешт. Натпреварот против романскиот тим е закажан за 16 септември во Букурешт.

Душебаев нема да игра на првите два натпревари од полскиот шампионат, но неговото отсуство нема негативно да се одрази врз неговата екипа која е пополнета на секоја позиција со минимум двајца искусни играчи.