Алборг го собира најдоброто од Скандинавија – доаѓа и норвешки репрезентативец

Данскиот клуб Алборг продолжува со активностите на трансфер пазарот низ Европа. Освен репрезентативци на Данска и Шведска, клубот планира во своите редови да донесе и ракометар од Норвешка.

Според данските медиуми, клубот е пред договор со искусниот репрезентативец на Норвешка и ракометар на Вецлар, Кристијан Бјорсен.

Десното крило на Вецлар во својата кариера настапуваше и за Берген и Кристијанштад. За репрезентацијата на Норвешка има одиграно 135 официјални натпревари и постигнато 536 голови. Од 2016 година е член на германскиот тим Вецлар.

Искусниот репрезентативец на Норвешка би требало во Алборг да пристигне заедно со најновото засилување во клубот, Микел Хансен, како и со останатите засилувања предвидени од раководството на клубот за 2022 година.

Во наредниот период се очекува и детални информации од клубот за новите ракометари и продолжување на договорите со неколку играчи.