Ако ја победи Австрија, Македонија ќе разигрува за пласман од 9 до 12 место

Машката кадетска репрезентација на Македонија ќе има шанси да се избори за добар пласман на Светското кадетско првенство во Хрватска.

Иако Македонија нема да игра во четвртфиналето, сепак, со евентуална победа над Австрија ќе заврши на 3. позиција во групата и ќе разигрува за пласман од 9 до 12 место.

Репрезентациите на Данска и Норвешка се патниците во четвртфиналето на Светското првенство од третата група.

Како што е познато, данската репрезентација денес ја совлада Македонија со 37:30, а Норвешка немаше поголеми проблеми против Австрија, триумфираше со 29:22.

Утрешниот дуел меѓу Македонија и Австрија се игра со почеток од 17:30 часот.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!

Кадетите беа немоќни против брзата Данска