Ако ја елиминира Романија, Македонија ќе се бори со Чешка за место на СП 2023!

По ждрепката за првиот бараж за следното Светско првенство во Полска и Шведска, денеска во Будимпешта се одржа и ждрепката за вториот бараж.

Доколку Македонија ја мине репрезентацијата на Романија во првиот бараж двомеч ќе игра со уште потежок ривал.

Втора и последна пречка за избраниците на селекторот Кире Лазаров до место на СП би била селекцијата на Чешка.

Првиот меѓусебен натпревар би се играл на гостински терен, додека реваншот би бил во Македонија.

Чешка играше на Европското првенство во Унгарија и Словачка, и беше елиминирана во првата рунда, но заврши на 13 место.

Натпреварите од првиот бараж се играат меѓу 14 и 20 март, додека натпреварите од вториот бараж се на програмата во 11 и 17 април.