„Ако треба и животот ќе го дадеме за победа“

Репрезентацијата на Црна Гора по пауза од осум години повторно ќе игра полуфинале на едно големо натпреварување. Црногорките на Европското првенство во 2014 година, кое се одржуваше во Хрватска и Унгарија, останаа без медал, завршија на 4. позиција.

Во текот на утрешниот ден, избраничките на Бојана Поповиќ ќе ги одмерат силите со Данска во првиот полуфинален натпревар на Европското првенство 2022.

Црногорките ќе имаат тежок предизик, бидејќи залетаната Данска, која во главната фаза ја победи Норвешка, покажа дека атакува на пласман во финалето на континенталниот собир.

Една од поискусните во репрезентацијата на Црна Гора, Јованка Радичевиќ изјави дека не треба да ги понесе големата еуфорија по пласманот меѓу 4-те најдобри репрезентации.

,,Има еуфорија и нетрпеливост пред полуфиналето, но мора да бидеме внимателни, за да не изгориме во желбата…Долго го чекавме овој момент и утре ќе дадеме сѐ, ако треба и нашиот живот. Верувам дека сме подготвени, храбри и дека ќе го прикажеме најдоброто издание. Како што велат, ваквите игри се играат на една нога и важно е да се биде смирен на дуелот. Во Скопје имавме осилации, не бевме на ниво, но сега сме меѓу четирите најдобри репрезентации во Европа. Зад себе ги оставивме велесилите како Холандија, Шведска, Романија. Го заслуживме ова, дадовме сѐ од себе”, изјави Радичевиќ за црногорските медиуми.

Натпреварот меѓу Црна Гора и Данска ќе се одигра во терминот од 17:45 часот, додека од 20:30 ќе играат Франција и Норвешка.