Ако сте ракометен фан, ова мора да го имате: КАЛЕНДАР НА НАТПРЕВАРИ ЗА 2020 ГОДИНА!

Годината што измина ќе остане запишана со златни букви во македонската ракометна историја, барем онаа клупската. Ракометарите на Вардар по вторпат ја освоија титулата во Лигата на шампионите, откако во полуфиналето на завршниот турнир ја совладаа големата Барселона, а во финалето беа подобри и од унгарскиот Веспрем.

Сезонава не тргнаа најдобро во одбрана на титулата, но во февруари ги чекаат уште четири рунди за што подобро да го дочекаат осминафиналето. Покрај натпреварите од европските купови, во кој напролет ќе имаме само еден претставник, тука се и дуелите од СЕХА лигата, на Вардар и на Еурофарм Пелистер.

Сениорите ги очекува настапот на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, додека женската сениорска репрезентација тешко дека ќе стигне на континенталниот собир кон крајот на следната година. Младинските женски селекции нема да бидат дел од светските шампионати, додека оние во машка конкуренција ќе ги видиме на ЕХФ шампионатите во Македонија и Летонија.

Сениорките освен квалификациите за ЕП и преостанатите четири натпревари, кон крајот на годината ќе ги чекаат и квалификации за СП во 2021 година, додека машкиот сениорски тим би можел да игра олимпискки квалификации, а сигурно ќе биде дел од оние за пласман на СП во Египет во 2021 година.

На клупско ниво во 2020 година не чека завршницата во домашните шампионат и во Купот на Македонија, а ќе бидат актуелни и завршниците во сите Европски купови. Круна на сезоната би требало да бидат Олимписките игри, кои ќе се одржат во Токио, а се надеваме дека таму ќе можеме да го видиме машкиот сениорски тим на Македонија.

Нè очекува навистина ракометна година, со надеж дека македонските клубови и репрезентации, ќе бидат на пиедесталот кога ќе се делат трофеите во најсилните натпреварувања. Во продолжение е преглед на натпревари и првенства по месеци…

ЈАНУАРИ

03.01 Пријателски натпревар (м), Македонија – Словенија
05.01 Пријателски натпревар (м), Македонија – Црна Гора
09.01-26.01 Европско првенство (м) Австрија, Норвешка и Шведска

10.01 ЕП (м) Австрија, Норвешка и Шведска, Македонија – Украина
12.01 ЕП (м) Австрија, Норвешка и Шведска, Македонија – Чешка
14.01 ЕП (м) Австрија, Норвешка и Шведска, Македонија – Австрија
18.01 ВРХЛ лига, 3 турнир, 1 коло, Куманово – Груде

19.01 ВРХЛ лига, 3 турнир, 2 коло, Куманово – Зајечар

ФЕВРУАРИ

01.02-02.02 СЕХА Лига, осминафинале, прв натпревар, Нексе – Еурофарм Пелистер
05.02 Лига на шампиони (м), 11 коло, Кил – Вардар 
10.02-11.02 СЕХА Лига, осминафинале, втор натпревар, Еурофарм Пелистер – Нексе
15.02 Лига на шампиони (м), 12 коло, Вардар – Мотор Запорожје
15.02 ВРХЛ лига, 4 турнир, 1 коло, Куманово – Груде
16.02 ВРХЛ лига, 4 турнир, 2 коло, Куманово – Зајечар
22.02 Лига на шампиони (м), 13 коло, Порто – Вардар
29.02 Лига на шампиони (м), 14 коло, Вардар – Монпелје

МАРТ

07.03 СЕХА Лига, четвртфинале, прв натпревар, Нексе/Еурофарм Пелистер – Вардар
14.03 СЕХА Лига, четвртфинале, втор натпревар, Вардар – Нексе/Еурофарм Пелистер
18.03-22.03 Лига на шампиони (м), осминафинале, прв натпревар

20.03-22.03 Квалификации за ОИ (ж)
25.03-29.03 Лига на шампиони (м), осминафинале, втор натпревар
25.03-26.03 Квалификации за ЕП (ж), 3 коло, Португалија – Македонија
28.03-29.03 Квалификации за ЕП (ж), 4 коло, Македонија – Португалија

АПРИЛ

03.04 СЕХА Лига, Ф4, полуфинале
05.04 СЕХА Лига, Ф4, финале/натпревар за трето место
15.04-16.04 Квалификации за СП (м), 1 бараж, прв натпревар
17.04-19.04 Квалификации за ОИ (м)
18.04-19.04 Квалификации за СП (м), 1 бараж, втор натпревар
22.04-26.04 Лига на шампиони (м), четвртфинале, прв натпревар
29.04-03.05 Лига на шампиони (м), четвртфинале, втор натпревар

МАЈ

08.05-10.05 Куп на Македонија (ж), Ф4
09.05 Лига на шампиони (ж), Ф4, полуфинале

10.05 Лига на шампиони (ж), Ф4, финале/меч за трето место
15.05-17.05 Куп на Македонија (м),Ф4
23.05 Куп на ЕХФ (м), Ф4, полуфинале
24.05 Куп наЕХФ (м), Ф4, финале/меч за трето место
27.05-28.05 Квалификации за ЕП (ж), 5 коло, Македонија – Шведска

30.05 Лига на шампиони (м), Ф4, полуфинале
31.05 Лига на шампиони (м), Ф4, финале/меч за трето место
31.05 Квалификации за ЕП (ж), 6 коло, Чешка – Македонија

ЈУНИ
03.06-04.06 Квалификации за СП (м), 2 бараж, прв натпревар

06.06-07.06 Квалификации за СП (м), 2 бараж, втор натпревар

ЈУЛИ

01.07-12.07 Светско првенство (ж20) Романија
02.07-12.07 Европско првенство (м20) Австрија/Италија
03.07-12.07 ЕХФ шампионат (м20) Летонија/Босна и Херцеговина
24.07-09.08 Олимписки игри (м/ж) Јапонија

АВГУСТ

13.08-23.08 Европско првенство (м18) Словенија
17.08-23.08 ЕХФ шампионат (м18) Македонија/Црна Гора/Бугарија
18.08-30.08 Светско првенство (ж18) Кина

ДЕКЕМВРИ

04.12-20.12 Европско првенство (ж) Данска/Норвешка

Во последниот викенд од февруари ќе се одржат бараж средбите за осминафиналето како и првите натпревари од групите во Купот на Македонија во машка конкуренција, вториот викенд од април ќе бидат четвртфиналните двобои, додека на средината на мај се завршните турнири во двете конкуренции.

Последните четири кола од регуларниот дел во Суперлигата ќе стартуваат во првиот викенд од март, а првите средби од плеј-оф и плеј-аут фазата ќе бидат во претпоследниот викенд од март. Во Женската лига, натпреварите треба да почнат во првиот викенд од март, а да завршат во претпоследниот од мај. Во двете лиги ќе има пауза за време на ЕХФ неделите и ќе има три или четири вонредни кола за да се добијат шампионите. Во Првата лига исто така ќе завршат дуелите во првиот викенд во јуни, а баражот за пополнување на Суперлигата ќе се одржи викендот потоа.

На крајот на август би требало да се одржи и традиционалниот Струшки турнир, а во септември не очекува почетокот на новата сезона во сите европски купови кои за првпат ќе се играат во новиот формат, како и Супер Глоуб во Саудиска Арабија и во Кина. Не чека и стартот на новите сезони во македонските шампионати, како и во регионалните конкуренции. На крајот на ноември на програмата ќе биде и Европското првенство во женска конкуренција во Данска и Норвешка.