Ако сакате место на завршниот турнир во ЛШ – ангажирајте го Рожерио Мораес! (ФОТО)

Европската ракометна федерација пред неколку дена донесе одлука да ги откаже сите осминафиналните и четвртфинални натпревари и во „Ланксес Арена“ да ги испрати најдобрите четири екипи од групната фаза.

Од групата А во Келн на завршниот турнир во Келн, што ќе се одржи на 28 и 29 декември, ќе играат Барселона и ПСЖ, додека од групата Б, каде што играше и Вардар, на Ф4 ќе патуваат Кил и Веспрем.

Токму во редовите на унгарскиот гигант настапува Рожерио Мораес Фереира, кој по петти пат по ред ќе игра во Келн.

Авантура на Бразилецот во европските клубови започна во Кил, со кој беше дел од завршниот турнир во сезоната 2015/2016. Потоа следуваше трансферот во Вардар и трите настапи во Келн по ред, а петтиот пат на Ф4 ќе го има со Веспрем.