Ако нешто пропуштивте: Доминацијата на Еурофарм Пелистер против АЕК во три минути (ВИДЕО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер пред фантастичната публика во спортската сала „Боро Чурлевски“ го декласираа грчкиот шампион АЕК Атина со 11 гола разлика, 30:19, во натпревар од последното коло од групната фаза во Лига на Европа.

Избраниците на Жељко Бабиќ очекувано ја оправдаа улогата на фаворит и со висока победа го заверија второто место во Групата Д.

Ракометарите на АЕК беа немоќни во секој поглед посебно во второто полувреме кога одвреме-навреме постигнуваа погодоци.

Доколку не го гледавте овој натпревар тогаш можете да го погледнете на следниот ЛИНК.

Можете да го погледнете и најдоброто од оваа средба во три минути. Тоа може да го направите на следниот ЛИНК.