Ако нема резултати, нема ниту пари – цел тим казнет во висина на месечна плата!

Раководството на унгарскиот клуб Дебрецин поради лошите резултати во последните натпревари одлучи да има санкции против сите ракометарки на клубот. Веста беше соопштена на официјалната страна на Дебрецин.

На сите ракометарки нема да им биде исплатена платата за месец февруари. Во зависност од понатамошните резултати, клубот ќе ја намалува санкцијата.

Ваквиот потег следува по двата порази во низа од екипите на Алба Фехервар и МТК Будимпешта кои имаат помал буџет. Доколку нема дополнителен напредок во следните натпревари, клубот ќе воведе дополнителни санкции.

Ова не е прв случај во клубот на Дебрецин. Минатата година клубот воведе слични санкции по лошата серија односно пет порази во низа во домашниот шампионат. Моментално тимот се наоѓа на седмото место во конкуренција на 14 екипи во унгарското првенство.