Ако го освојат златниот медал на СП, ќе добијат премија од половина милион евра!

Доколку го освојат Светското првенство во Египет, репрезентативците на Германија ќе добијат половина милион евра како награда од ракометната федерација. Покрај ракометарите, и стручниот штаб во репрезентацијата ќе има свој удел во наградата.

За второто место е предвидено премија од 380.000 евра, додека за третото место би добиле како награда 260.000 евра. Утешни 140.000 евра доколку бидат во најдобрите четири, односно четврто место.

По ваквата информација, репрезентативците на Германија ќе имаат поголем мотив и волја на првенството во Египет.

Избраниците на Алфред Гисласон се во група со Унгарија, Уругвај и Капе Верде, а ќе стартуваат со дуел на 15 јануари против Уругвај.