Ако Вардар и Еурофарм Пелистер ги минат четвртфиналните пречки, ќе играат меѓусебе на Ф4 во СЕХА

По првиот официјален меѓусебен натпревар во Суперкупот на Македонија на 11 август, Вардар и Еурофарм Пелистер веќе на крајот на август ги чекаат првите натпревари на меѓународна сцена.

Двете македонски екипи ќе играат во четвртфиналето на регионалната СЕХА лига против Загреб и Мешков Брест на 21, односно 26 август, a реваншите се на 29, односно 31 август.

Доколку ги минат четвртфиналните пречки, Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се пласираат на завршниот турнир во Задар и би играле меѓусебе во полуфиналето.

На сите досегашни изданија на завршниот турнир во регионалната конкуренција, имало најмалку една македонска екипа. Вардар играл девет пати, а освои пет титули, додека Металург два пати беше дел од Ф4.

Оваа сезона, Ф4 ќе се игра во Задар од 3 до 5 септември.

СЕХА лига, четвртфинале: 

Еурофарм Пелистер – Мешков Брест
Вардар – Загреб
Нексе – Веспрем
Татран Прешов – Мотор Запорожје

СЕХА лига, Ф4: 

Еурофарм Пелистер/Мешков Брест – Вардар/Загреб
Нексе/Веспрем – Татран Прешов/Мотор Запорожје