Аеродром се договори со уште еден пивот: Шулевски потпиша на две години

Екипата на Аеродром и понатаму не ги крие амбициите дека во новата сезона ќе биде еден од главните претенденти за првото место во Првата лига, а со тоа и за директен пласман во Супер лигата за следната сезона.

После досегашните засилувања и обновувања на договорите веќе е продолжена соработката и со пивотот Петар Шулевски.

Тој играше и во минатата сезона во Аеродром, а ќе остане дел од овој тим и во следните две години. Инаку, се работи за играч кој настапува на позицијата пивот, а има и дефанзивни задачи во тимот.