Аеродром пазареше од Суперлигата – донесе уште три засилувања

Прволигашот со суперлигашки амбиции Аеродром, донесе уште три нови засилувања во пресрет на новата сезона, во која заедно со Вардар Неготино ќе бидат големи фаворите за место во елитата.

Тимот предводен од Дарко Петровски, се засили со двајца играчи кои минатата сезона настапуваа во суперлигашкото друштво.

Станува збор за левиот бек Кристијан Стојановски од Вардар Јуниор и за искусниот среден бек Бојан Љубевски кој беше дел од Металург, а претходно има искуство од настапите во Пролет и Работнички.

Професионален договор потпиша и голманот Мартин Павличковски, а кога ќе се земат предвид и претходните потпишаните договори со сите играчи, може да се каже дека Аеродром веќе го формираше ростерот за следната сезона.