Адемар Леон во драматична завршница ги освои бодовите кај „мечките“

Ракометарите на шпанскиот претставник во Лигата на Европа, Адемар Леон имаа успешен настап на гостувањето кај Чеховски Медведи и остварија важна победа со 34:35 во борба за втората позиција на табелата во групата А.

Играчите на рускиот тим имаа добро издание во првото полувреме и во најголемиот дел имаа водство. После почетните минути и 3:3 Чеховски Медведи поведе со два гола и таквата предност успешно ја чуваше во продолжение.

Во 15. минута Котов реализираше за 12:8 и највисоко водство на домашниот тим. До крајот на првиот дел Адемар не успеваше да ја анулира негативата и по првиот дел „мечките“ водеа 20:17. Во продолжение Адемар имаше подобро издание и после само осум минути игра стигна до израмнување на 24:24.

Серијата на госите продолжи и за првпат Адемар имаше три предност која ја сочуваа до крај натпреварот. Сепак во финишот Чеховски Медведи имаше можност да избегне пораз но голот кој го постигнаа беше после истекот на времето.

Антотнио Мартинез со десет гола го предводеше Адемар до победата, а Боргес погоди осумпати. Во составот на Чеховски Медведи, Косоротов се истакна најмногу со седум гола, додека Дмитри Кисељов постигна шест погодоци.