Австријките „залудно“ се жалеа – Хрватска победи и во повторениот финиш на натпреварот

Репрезентацијата на Хрватска во младинска конкуренција ги потврди бодовите на дуелот против селекцијата на Австрија на Европското првенство кое се одржува во Словенија и победи на повторениот натпревар со 23:21.

Практично повторени беа последните десет секунди. Поради материјална повреда при што ракометарка која имаше три исклучувања не доби црвен картон остана во игра и го постигна побендичкиот гол за 24:23 имаше жалба од Австрија. Од ЕХФ одлучија да се преиграат минутите во финишот откако ракометарката е исклучена потретпат, па денеска истата средба доби нов епилог.

Сепак, и при новото финиширање на средбата немаше ништо поинакво во епилогот бидејќи селекцијата на Хрватска ја потврди победата овој пат славејќи со 23:21. Со тоа не се измени ништо и сè остана исто на табелата во Групата „Ц“.

ПРЕСЕДАН НА ЕХФ: Реши да се преигра меч – ама само последните 10 минути! (ФОТО)