Австрија се избори за реми против Шпанија, Чешка подобра од Швајцарија

Во првите бараж натпревари за пласман на Светското првенство 2023 најмногу изненади репрезентацијата на Австрија, која одигра нерешено против Шпанија, 28:28.

Иако Шпанија на полувреме имаше предност од 18:14, сепак, домашната селекција се врати во вториот дел и се избори за реми.

Репрезентацијата на Шпанија на реванш дуелот, кој ќе биде одигран на 12 април во Малага, ќе треба да го даде максимумот доколку посакува учество на Мундијалот во Данска, Норвешка и Шведска.

На останатите дуели победа остварија репрезентациите на Романија, Унгарија, Словенија и Чешка.

За потсетување, македонската репрезентација беше минимално поразена од Украина со 24:22.

Резултати од денешните бараж дуели:

Швајцарија – Чешка 31:32 (12:14)

Романија – Португалија 35:20 (19:12)

Австрија – Шпанија 28:28 (14:18)

Исланд – Унгарија 21:25 (10:14)

Италија – Словенија 25:31 (11:17)

Македонија – Украина 22:24 (8:14)