Австрија, Белорусија и Португалија без проблеми до нови победи во квалификациите за ЕП

Репрезентацијата на Австрија стигна до планираната победа против Естонија нагости со 31:27, а со тоа и до шанса со триумф против БиХ во последното коло да обезбеди пласман на Европското првенство.

Австријците имаа силно отварање и поведоа со 6:1, додека во продолжението лесно го контролираа мечот и на полувреме имаа добро водство од 18:13. Во второто полувреме се играше гол за гол без шанси за Естонија да избегне пораз. Вебер со седум гола ја водеше Австрија до победата.

Португалија ја оправда фаворитската улога на дуелот против Израел и го совлада со многу убедливи 41:29. Уште по првиот дел беше решено сè кога Португалците водеа со 22:13. Второто полувреме беше формалност за потврда на пласманот на Португалија на Европското првенство.

Белорусија имаше доста проблеми на гостувањето во Италија, но, сепак, не дозволија изненадување и остварија триумф од 31:32. Првото полувреме беше многу израмнето и ниту еден тим не создаде повисока предност. На полувреме беше 16:16, а дури во завршницата Белорусија го скрши отпорот на Италијанците за конечен триумф и потврда на пласманот на ЕП.