🎥 Ремек-делото на Манасков е најубав гол на сезоната во Лигата на шампионите!

Членот на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, е автор на најубавиот гол во сезоната 2025/26 во Лигата на шампионите, одлучи ЕХФ.

Спектакуларниот погодок беше постигнат во натпреварот против Барселона во групната фаза од елитното натпреварување.

По фантастична асистенција од голманот Никола Митревски, Манасков со атрактивен скок успеа да го совлада еден од најдобрите светски голмани Емил Нилсен.

Голот беше постигнат во самата завршница од мечот и веднаш стана хит меѓу ракометните фанови ширум Европа.

ЕХФ сега го прогласи ремек-делото на Манасков за најубав погодок на сезоната во најсилното клупско натпреварување, а ова е уште едно големо признание за македонскиот ракомет и за крилото на Еурофарм Пелистер.