Келце славеше по вторпат над Островија и се пласираше во финалето на плеј-офот за титулата во полскиот шампионат, но овој меч ќе остане запаметен по друг настан. Навивачите на Келце се збогуваа со тренерот Талант Душебаев кој се раздели со клубот по 12 сезони. Тој го предводеше Келце на 632 меча и запиша 521 победа. Клубот му додели пригодни признанија, а доби и награда „Супер гладијатор“ од полската лига.„Не сакав на овој начин да се збогуваме...Благодарам до сите што дојдоа денеска. Ќе имам 68 години кога ќе ја завршам кариерата за десетина годин. Едно е сигурно - нема да бидам во ниту еден друг клубо толку долго како овде“, кажа Душебаев. На негово место во клубот како привремено решение е Кшиштоф Лијевски.


























