Ја завршува кариерата во Магдебург на 23 години за да се посвети на медицината

Левото крило на Магдебург, Јустус Клуге на крајот на сезоната ќе го напушти клубот. 23 годишниот ракометар и Магдебург се договорија да се разделат, а причина е желбата на Клуге да се посвети на студии по медицина.

Клуге играше за сите помлади категории на Магдебург, а потоа беше и капитен на вториот тим. Тој имаше и настапи за првиот тим кога беа повредени левите крила Матијас Муше и Лукас Мертенс. Сезонава ја освои Лигата на Европа.

„Не беше лесно да се донесе ваква одлука и многу ќе ми недостига логото на Магдебург на моите гради. Но сега сакам да се фокусирам на мојата професионална кариера и да започнам со студиите по медицина. Дали и на кое ниво ќе продолжам да играм ракомет останува да се види“, рече Клуге во соопштението.