Јанеска продолжува со одличните партии во Турција

Македонската интернационалка, Моника Јанеска, продолжува со одличните настапи во Супер лигата на Турција.

Јанеска и нејзиниот тим, Коњалти, беа убедливи на гостински терен против Сивас и прославија триумф со 31-24 во натпревар од осмото коло.

Нашата репрезентативка на овој натпревар запиша 6 погодоци и беше најефикасна на теренот во составот на Коњалти.

Следен предизвик за Јанеска и Коњалти е екипата на Муратпаша која моментално е во најдобрите пет на табелата.