Чаневски: Промашивме многу чисти шутеви…

Еурофарм Пелистер загуби вторпат во Лигата на Европа. По поразот од ГОГ Гудме, и ремито со Кадетен Шафхаузен, избраниците на Жељко Бабиќ беа поразени од Рајн Некар Левен со 28-20.

Голманот Градимир Чаневски смета дека многуте технички грешки и нереалзирани чисти шутеви се причина за убедливиот пораз.

„Ние правевме многу грешки во нападот и промашивме многу чисти шутеви. Мора да работиме повеќе на тоа и да ги исправиме за следниот пат. Беше задоволство да се игра овде во САП Арена, но ќе видиме што ќе се случува во Битола“, вели Чаневски.

Следен предизвик за битолчани ќе биде гостувањето кај Тримо Требње следниот вторник.

Еурофарм Пелистер немоќен во Манхајм, Рајн Некар убедливо до бодови

Бабиќ: Со толку лош напад, не можевме да бидеме сериозен ривал на Рајн Некар