Уште шест одговори за втора фаза, полека се формираат новите групи

Со одигрувањето на новите натпревари на Светското првенство полека се фомираат групите кои ќе станат актуелни од среда кога почнуваат дуелите од втората фаза.

Според актуелната ситуација после новите средби одиграни во групите А, Б, Ц и Д познати се уште шест селекции и тоа по две од три групи.

Понатаму сигурно одат Германија, Унгарија, Катар, Хрватска, Данска и Аргентина. Во Групата Б е најинтересно бидејќи сите четири селекции имаат своја математика и шанса за да се пласираат, а постои можност сите да имаат ист број на бодови на крајот од првата рунда.

Оттаму во Групата Б следуваат најголеми возбудувања. Инаку, ако нешто испуштивте од петтиот ден на Светското првенство можете да го погледнете во продолжение.

ГРУПА А

ЗЕЛЕНОРТСКИ ОСТРОВИ – ГЕРМАНИЈА               0:10 (ИЗВЕШТАЈ)

УНГАРИЈА – УРУГВАЈ     44:18 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаБ.НПРЛ
1УНГАРИЈА63300
2ГЕРМАНИЈА43201
3УРУГВАЈ23102
4ЗЕЛЕН 'РТ03003

ГРУПА Б

ТУНИС – БРАЗИЛ            32:32 (ИЗВЕШТАЈ)

ПОЛСКА – ШПАНИЈА    26:27 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаБ.НПРЛ
1ШПАНИЈА53210
2ПОЛСКА43201
3БРАЗИЛ23021
4ТУНИС13012

ГРУПА Ц

КАТАР – ЈАПОНИЈА        31:29 (ИЗВЕШТАЈ)

АНГОЛА – ХРВАТСКА    20:28 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаБ.НПРЛ
1ХРВАТСКА53210
2КАТАР43201
3ЈАПОНИЈА33111
4АНГОЛА03003

ГРУПА Д

АРГЕНТИНА – БАХРЕИН               24:21 (ИЗВЕШТАЈ)

КОНГО – ДАНСКА           19:39 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаБ.НПРЛ
1ДАНСКА63300
2АРГЕНТИНА43201
3БАХРЕИН23102
4КОНГО03003