Ветеранот Шариќ ги запре залетаните Јапонци

Селекцијата на Катар обезбеди два бода на дуелот против Јапонија во натпревар кој имаше навистина интересен тек и 60 минути имаше надигрување и неизвесност за конечни 31:29.

Победникот беше одлучен во последната минута откако Шариќ одбрани пенал на гол предност, а потоа беше реализирана чиста позиција за победа.

Во текот на целата средба Јапонците покажаа дека имаат брзина што е карактеристична за нив и упорност и дисциплина донесена од селекторот од Исланд, Дагур Сигурдсон.

Јапонија не се откажа во ниту еден момент и постојано притискаше. Се играше брзо и редовно се наоѓаше шанса за погодок. Дури и кога Катар имаше 26:21 немаше откажување туку со серија од 6:0 го свртеа натпреварот и поведоа за да влезат во завршните моменти од натпреварот со позитива.

Сепак, кога беше најпотребно Валеро Ривера ја покажа својата тренерска големина и успеа набрзина да најде противигра и да го донесе составот на Катар во подобра позиција за триумф и два бода кои значат полуфинале.

Клучот беше и во Шариќ кој одбрани пенал во важен момент така што Катарците иако одиграа две тешки средби, а допрва им доаѓа дуел со Хрватска уште успеваат да се одржуваат на високо ниво.

17 јануари 2021
31 - 29
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
17 јануари 2021 17:08 ГРУПА Ц 2020/2021 17.01.2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
КАТАР1531Победа
ЈАПОНИЈА1629Пораз

КАТАР

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Мустафа Алкраддесен бек00
7Ахмад Мададилево крило06
10Франкис Марцодесен бек011
12Даниел Шариќголман00
13Мохамед Абидиголман00
19Марван Сасидесно крило02
20Јово Дамјановиќпивот00
23Алаедин Берахеддесно крило13
33Хусем Романцентрален бек01
37Јасине Самипивот03
44Амине Гуехисдесен бек00
66Омар Абделфатахдесно крило00
81Амор Џијаблево крило00
86Махмуд Хасабалацентрален бек03
94Амен Закардесен бек22
4Хасан Мабрукпивот00
 Вкупно 331

ЈАПОНИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
12Ивашита Јутаголман00
13Касахара Кенјапивот11
14Китазуме Асумицентрален бек00
18Нарита Кохеилев бек11
19Токуда Шиносукедесен бек00
20Ватанабе Јиндесен бек03
21Дои Реми Анрилево крило07
22Сакаи Мотокиголман00
25Мотоки Хирокидесно крило02
27Тамакава Хиројашипивот00
31Јошино Тацукилев бек05
33Агарие Јутоцентрален бек06
38Мизумаки Котароцентрален бек01
40Такано Сотапивот10
41Токуда Реносукедесен бек01
43Јошида Шуичипивот02
 Вкупно 329

Officials

Судии:
Ангел Сабросо -Шпанија
Оскар Ралуј -Шпанија
ПозЕкипаНПРЛБ.
1ШВЕДСКА33006
2БРАЗИЛ32014
3ЗЕЛЕН 'РТ31022
4УРУГВАЈ30030