Тимот на Текстилец ги одработува подготовките за претстојната сезона во која ќе влезе со уште подмладен ростер во однос на минатата.
Штипјани промовираа и четири нови имиња за новата сезона – средниот бек Кире Миленков, левиот бек Стефан Стојанов и голманот Никола Таневски.
Најискусно име меѓу новајлиите е левиот и среден бек Илија Табаков, кој играше во суперлигашка конкуренција за Бутел Скопје, Радовиш, Борец ФЛ…
Текстилец остана без искусниот Марјан Сарашов, кој се пресели во Овче Поле од Свети Николе и без Јован Атанасовски, кој го засили Вардар Неготино.






















