Европскиот првак се провлече на искуство, Полска заслужи барем бод

Селекцијата на Шпанија која е актуелен европски првак можеше и втор натпревар по ред да остане без победа на Мундијалот во Египет, но успеа во финишот на искуство да го истурка натпреварот до триумф и да ја совлада Полска со 27:26.

Во текот на целата средба селекциајта на Полска беше рамноправен ривал. Имаше моменти во кои го диктираше темпото и резултатиот и на селекцијата на Шпанија и беше тешко да успее да ја прикаже својата препознатлива игра.

Таквото темпо на игра влијаеше над Шпанците, кои никако не успеваа да го задржат водството. Имаа проблеми така што тоа им беше пречка рано да го решат натпреварот.

Шпанците имаа 14:11 на полувреме, но тоа не беше доволно за да можат мирно да продолжат во натпреварот. Место тоа мораа да одработат на високо ниво за да стигнат до подобар резултат. Сепак, наидоа на максимално мотивиран противник, кој во секој момент знаеше што сака.

Полска успеа да се врати неколкупати во средбата, па дури и во завршницата да има предност. Водеше со 21:20, но тука попушти концентрацијата и со два гола Шпанија почна да го диктира резултатот. Имаше гол до два предност постојано така што до крајот на средбата беше во позитива со која успеа да стигне и до победа откако во последниот напад беше искусно потрошено времето за триумф и мало поправање на впечатокот после ремито на стартот против Бразил.

17 јануари 2021
26 - 27
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
17 јануари 2021 22:15 ГРУПА Б 2020/2021 17.01.2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ПОЛСКА1126Пораз
ШПАНИЈА1427Победа

ПОЛСКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Михал Олејничакцентрален бек13
6Пжемислав Крајевскилево крило00
7Патрик Валчакпивот11
9Симон Сичколев бек16
11Мациј Мајжинскидесен бек03
16Пјотр Вишомирскиголман00
19Јан Чуваралево крило01
20Мациј Пилитовскицентрален бек00
23Аркадиуш Моритодесен бек05
26Михал Дашекдесно крило10
28Мациј Гебалапивот13
30Рафал Пжибилскидесен бек02
36Давид Давиџикпивот00
48Томаш Гебалалев бек12
49Пјотр Чрапковскилев бек00
94Адам Моравскиголман00
 Вкупно 626

ШПАНИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Гонзало Перез де Варгасголман00
5Хорхе Македадесен бек01
6Ангел Фернандез Перезлево крило05
9Раул Ентрериосцентрален бек05
10Алекс Душебаевдесен бек02
11Даниел Сармиентоцентрален бек00
12Родриго Коралесголман00
14Феран Соледесно крило02
17Адријан Фигуераспивот02
21Жоан Канељаслев бек01
24Виран Морослев бек10
28Алеиш Гомез Абељодесно крило02
29Аитор Арињо Бенгоечеалево крило00
30Гедеон Гвардиолапивот10
52Рубен Марчан Кријадопивот02
59Даниел Душебаевцентрален бек05
 Вкупно 227

Officials

Судии:
Вацлав Хорачек -Чешка
Јири Новотни -Чешка
ПозЕкипаНПРЛБ.
1СЛОВЕНИЈА32014
2ПОЛСКА31022
3САУДИСКА АРАБИЈА30030