Хрватска се мачеше 40 минути и потоа ги „уништи“ Анголците

Ниту во вториот натпревар Хрватска не брилираше на Светското првенство. Овојпат против послаб противник, африканскиот претставник Ангола, Хрватска по многу проблеми после 40 минути успеа да ја најде добитната комбинација и да ја забележи првата победа на Мундијалот по нерешениот дуел со Јапонија. Хрватска успеа да ја пронајде својата форма кон крајот на натпреварот за убедливи 20-28.

Расположените африканците почнаа силно и по неколку минути ја преземаа контолата над резултатот. Сепак Ангола минималното водство не успеа да го задржи долго, па во осмата минута Брозовиќ ја одведе Хрватска во минимална предност. Следуваше одговор од три голови за Ангола. Африканските претставници ја одржуваа предноста во поголемиот дел од полувремето. Дури во 20 минута преку контра напад Штрлек го врати водството за Хрватска од 6-7, а ниту голот на Мамиќ за два разлика не ги разбуди заспаните „каубои“. Ангола возврати и го презеде водството, одржувајќи го до самиот крај на првиот дел. Сепак Чупиќ на секунди пред крај на полувремето и овозможи на Хрватска да замине со гол предност од 11-12.

ФОТО: © Jozo Cabraja / kolektiff

Второто полувреме продолжи во ист стил, во играта гол за гол Хрватите имаа два погодока разлика, а отпорот на Анголците го пробија во 40. минута кога со низа од три голови направија разлика од „плус пет“, 13-18. Анголците до крајот на натпреварот најблиску до Хрватите беа на „минус три“ на средина на второто полувреме. Сепак големиот број исклучувања, грубата игра и двата црвени картони не им овозможија на Анголците да се надеваат на повеќе. Хрватска ја продолжи својата игра и стигна до највисоки осум голови, разлика со која влегоа во последните десет минути од натпреварот. Во рутинска завршница Червар им даде шанса и на речиси сите опции на клупата, а Хрватска успеа да ја задржи високата предност за конечни 20-28.

Ангола останува без бодови и во последното коло својата среќа за влез во вториот круг ќе ја бара преку Јапонија. Хрватска со овие два бода веќе е во втората фаза, а во последното коло ќе бара бодови повеќе во директен дуел со Катар.

17 јануари 2021
20 - 28
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
17 јануари 2021 18:02 ГРУПА Ц 2020/2021 17.01.2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
АНГОЛА1120Пораз
ХРВАТСКА1228Победа

АНГОЛА

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Агнело Китонгопивот00
3Јарослав Агиларпивот10
4Габриел Текапивот03
5Роме Хебоцентрален бек01
7Клаудио Лопесцентрален бек00
8Отиниел Паскваллево крило01
9Адилсон Манекодесно крило02
10Мануел Насиментоцентрален бек03
13Марио Татилев бек02
14Клаудио Чиколалево крило11
15Мајомона Панзодесно крило10
16Џовани Муачисенгеголман00
20Кустодио Гоувеиаголман00
21Аделино Пестанадесен бек12
22Антонио Елиасдесен бек01
79Едвалдо Фереиралев бек30
 Вкупно 716

ХРВАТСКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Марино Мариќпивот04
5Домагој Дувњакцентрален бек00
12Иван Пешиќголман00
13Златко Хорватдесно крило01
15Јанко КевиќСреден бек01
17Јосип Шарацлев бек20
26Мануел Штрлеклево крило02
27Иван Чупиќдесно крило06
28Жељко Мусапивот10
30Марко Мамиќлев бек14
31Лука Шебетиќдесен бек01
34Илија Брозовиќпивот12
35Мате Шуњиќголман00
39Давид Мандиќлево крило01
45Халил Јагањацлев бек01
51Иван Мартиновиќдесен бек15
 Вкупно 628

Officials

Судии:
Јуцеф Белкири -Aлжир
Сид Али Хамиди -Алжир

ГРУПА Ц

ПозЕкипаGDНПРЛБ.
15033006
2532014
3-131022
4-5430030