Унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед го засили својот ростер со левото крило на Елверум, Александер Блонц. Норвешкиот репрезентативец потпиша договор на две сезони и ќе ја дели минутажата со Себастијан Фримел.
Бундеслигашот Гепинген го задржа во своите редови германскиот репрезентативец Себастијан Ханеман, кој ја продолжи верноста со клубот и ќе остане таму најмалку до 2024 година.
Данскиот плејмејкер на бундеслигашот Мелсунген, Ласе Микелсен, е блиску до камбек во татковината. Според данските медиуми, тој би требало да се врати во неговиот екс клуб Скјерн.
Словенечката репрезентативна голманка Маја Војновиќ, за која немаше место во Крим покрај Рисовиќ и Аренхарт, ќе има интернационален предизвик. Од лето ќе ги брани боите на унгарскиот Шиофок.
Досегашниот кружен напаѓач на унгарскиот Будакалас, Матко Ротим, ќе го смени клубот за следната сезона. Тој останува во Унгарија, но ќе ги брани боите на Чурго, каде што тренер е некогашниот вардарец Алем Тоскиќ.
Поранешниот десен бек на полската репрезентација Михал Шиба, на крајот на сезоната заминува од Азоти Пулави, бидејќи клубот не сака да ја продолжи соработката.
Австрискиот тим Алпла Хард донесе две засилувања за следната сезона. Станува збор за босанскиот репрезентативен десен бек Срѓан Предраговиќ, кој доаѓа од ЧСМ Букурешт и за литванскиот лев бек од Свиеса, Каролис Антавичиус.