Двајцата унгарски репрезентативци Роланд Миклер и Ричард Бодо ги продолжија договорите со шампионот ПИК Сегед. Голманот се обврза на соработка до 2024 година, додека Бодо треба да остане до 2025 година.
Некогашниот голман на Вардар, 39-годишниот Голуб Докниќ, кој сега брани за австриската репрезентација, го продолжи договорот со тимот на Алпла Хард. Харизматичниот чувар на мрежата треба да остане во клубот до 2024 година.
Најдобриот стрелец на Мундијалот во Шпанија, Натали Хагман, која постигна 71 погодок на турнирот, ја продолжи соработката со францускиот Нант до 2023 година. Швеѓанката настапува во Нант од 2020 година.
Некогашниот ракометар на Еурофарм Пелистер, Марин Вегар, го продолжи договорот со романска Констанца на уште две сезони. Актуелниот договор беше со важност до 2022 година, а сега Босанецот треба да остане во Констанца најмалку до 2024. Покрај Вегар, договор на уште една сезона со овој тим потпиша и десното крило Страхиња Станковиќ.
Левото крило на Алборг, Бастер Јул Ласен, потпиша нов договор со данскиот шампион кој е со важност до 2024 година. 28-годишниот ракометар игра за Алборг од 2013 година и постигна 1077 погодоци досега.
Амбициозниот француски Лимож продолжува да се засилува. По Матеј Хрстиќ, кој уште зимава ќе оди во Франција, Лимож го ангажираше и голманот од ПСЖ, Јан Женти, кој потпиша договор со тимот што ќе биде предводен од Алберто Ентрериос.