Стружанки одиграа сигурно, стигнаа до нови лесни три бода

Ракометарките на Стружанка одиграа добар натпревар на кој се изборија за триумф од 25:17 против Пелистер со што само ја оправдаа улогата на фаворит на оваа средба.

Од почетокот на натпреварот беше јасно кој ќе дојде до победата на овој дуел и беше одиграно сигурно. Пелистер имаше водство во првите неколку минути со 3:1, а потоа сè беше во знакот на Стружанка.

На водството на битолчанки, стружанки одговорија со 3:0, а после 4:4 следуваше нова серија од домашните од 5:0 и ова беше клучниот момент до крајот на првиот дел да се одигра мирно и да се чувапредноста до одморот.

На паузата беше 12:7 за тимот на Стружанка и ова беше доволно за мирно продолжение на средбата и зголемување на водството до крајот. Осумте позитива беа сосема доволни за да може да се дојде до три нови бода, а конечните 25:17 беа само доказ за тоа кој колку успеа да направи денеска на теренот.

СТРУЖАНКА – ПЕЛИСТЕР           25:17 (12:7)

Сала: СОУ „Нико Нестор“ во Струга. Судии: Сашо Јанкулоски и Мартин Јовановски од Прилеп. Делегат: Илија Цветкоски од Прилеп.

СТРУЖАНКА: Митоска, Ѓокеска, Ѓорѓеска, Кузманоска 1, Голабоска 5, Дукоска 4, Переска 1, Б. Затуроска, Јоноска 1, И. Затуроска 3, Ѓоршулеска, Јусуфи 3, Домазетоска, Петреска, Делиоска 7.

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 12 мин.

ПЕЛИСТЕР: Богоевска, Наумовска 3, Дишковска 1, Бошевска, Срезовска, Босиловска, Дојчиновска, Спирковска, Николоска, Белевска 7, Јанкуловска 6, Гроздановска.

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 2 мин.

ПозЕкипаНПРЛБ
1КУМАНОВО12111034
2МЕТАЛУРГ12100230
3ЧАИР12100230
4ВАРДАР1291228
5ДЕСПИНА1280424
6СТРУЖАНКА1271422
7ГЕВГЕЛИЈА1251616
8СПАРТАК1250715
9ШАМПИОН123099
10ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.123099
11ПЕЛИСТЕР 2012122197
12ЃОРЧЕ ПЕТРОВ1211104
13КУЗМАН1210113