Струга и Мулти Есенс ќе се борат за титулата кај кадетите

Тимовите на Струга и Мулти Есенс обезбедија место во финалето на завршниот турнир кај кадетите.

Стружани беа подобри од Еурофарм Пелистер со 23-20 во интересен натпревар, кој во поголем дел беше изедначен.

Домаќинот на Ф4, Мулти Есенс, беше убедлив против Голден Арт и го совлада со девет гола разлика, 33-24.

Утре во Автокоманда, во битката за трето место од 11:00 часот ќе играат Голден Арт и Еурофарм Пелистер.

Од 13:30 часот, за титулата ќе се борат Мулти Есенс и Струга.