Тренерот на Еурофарм Работник, Стевче Алушовски на ден пред големиот двобој против Веспрем ќе прослави роденден. Тој е роден на првиот ден од октомври, а денеска ќе наполни 47 години.
Во својата кариера тој играше за тимовите на Пелистер, Преспа, Вардар, Металург… Тренерската кариера ја почна во својот клуб, Алушовски кој од годинава почна да се натпреварува и во сениорска конкуренција. Од минатата сезона е во Еурофарм Работник со кој дојде до 2. позиција во Супер машката лига, но беше силен ривал за Вардар. Годинава тимот под негово водство првпат игра во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата.
Роденден има и ракометарката на Вардар, Марија Галевска. Таа денеска ќе наполни 17 години.
Среќен роденден Стевче и Марија!