Спартак и Овче Поле мораа да се задоволат со бод

Натпреварот од Супер женската лига меѓу тимовите на Спартак и Овче Поле СУ заврши со нерешени 30:30, па двете екипи на крајот мораа да бидат задоволни со по еден освоен бод.

И двата тима добија по едно полувреме со по еден гол разлика така што тоа доволно зборува за израмнетоста на теренот. Гостинките беа во предност во поголемиот дел од првите 30 минути, но најмногу стигнаа до плус три при 11:8. Во финишот на првиот дел, сепак, не успеаја да ја задржат предноста, па на одмор гостинскиот состав водеше со 12:11.

Вториот дел донесе израмнета игра и резултатска тензија. Неизвесноста траеше до моментот кога после 21:21 следуваше серија од четири гола на Овче Поле за 25:21. На домашните им требаше многу поангажирана игра во финишот, па успеаја да израмнат на 27:27 така што се влезе во неизвесна завршница во која се играше гол за гол за на крајот двете екипи да дојдат до по еден поен.

СПАРТАК – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ          30:30 (11:12)

Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Иван Јованов од Радовиш и Драган Јовановски од Штип. Делегат: Цветомир Јовановски од Скопје.

СПАРТАК: Станчева, Ангеловска, Ивона Кимовска, Цветковска 7, Мисовска, Божиновска 5, Петковска, Бочваровска, Ј. Трајановска, Андовска 5, Гроздановска 8, Милошоска, Ива Кимовска 1, Бочваровска, С. Трајановска 4, Самарџиоска.

Седмерци: 6/10, Исклучувања: 2 мин.

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ: Младеновска Кузмановска, Стојанова, Павлова, Е. Вучевска 4, Сентовска, Манева 4, Конева 2, Максимова, Велковска 2, Костова 3, Павловска 1, Гигова 2, Димова 12, М. Вучевска, Стоилова.

Седмерци: 5/6, Исклучувања: 6 мин.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР550015
2МЕТАЛУРГ43019
3ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.52127
4СТРУЖАНКА42026
5ЃОРЧЕ ПЕТРОВ41033
6СПАРТАК40222
7АСТИБО40131