Nebojsa SIMIC (16) during the handball match North Macedonia vs Montenegro, Men’s EHF EURO 2022 Hungary, Slovakia, Debrecen ,Hungary, 15.01.2021, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Симиќ е херојот на Црна Гора, им стави стоп на Словенците за втора рунда на ЕП

Репрезентацијата на Црна Гора приреди изненадување во последното коло од Групата А и дојде до победа од 33:32 против Словенија и дојде до втора рунда откако голманот Симиќ заблеска во финишот и ги стопираше Словенците.

Од почетокот на средбата се виде дека ова ќе биде неизвесен натпревар полн со возбудувања. Како ќе се одвива натпреварот стана јасно после неколку натпревари така што долго се играше со тесен резултат.

И Црногорците и Словенците имаа свои моменти. Успеваа да наметнат свој ритам и на моменти да контролираат. Сепак, откако некаде на средината на првиот дел Кастелиц застана на голот и успеа да допринесе за преземање на водството и зголемување на разликата.

Како што одминуваше времето така стануваше јасно дека селекцијата на Словенија ќе почне да ја зголемува предноста. До крајот на првиот дел со контролирана игра пред се во нападот се дојде до посакуваниот резултат и во финишот на првото полувреме беше обезбедено водство и од четири гола разлика, но на одмор беше 19:16.

Вториот дел Словенците го почнаа со зголемување на водството, но имаа само плус четири. При 23:19 почна да се губи ритамот откако не беа искористени шанси за зголемување на водството така што во продолжението Црна Гора почна да фаќа приклучок. Словенија успеа да издржи и понатаму на 2-3 гола водство, но како се доближуваше крајот така стануваше јасно дека нема да има ништо од мирна завршница.

Црна Гора дојде до нерешени 31:31, а потоа откако беше пресечена топка Вујовиќ донесе 32:31 и се влезе во максимално интересна завршница во последните 3-4 минути. Словенците мораа да победат за да играат во вториот круг, а Црногорците и со реми можеа да се радуваат. На сето тоа Симиќ одбрани два седмерци и практично тој и денеска е херојот на Црна Гора.

На крајот со 33:32 репрезентативците на Црна Гора со голема победа обезбедија пласман во вториот круг како второпласирани од Групата А.

33 - 32
Конечен резултат

Место

„ФЕНИКС ЧАРНОК“ ДЕБРЕЦЕН

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЦРНА ГОРА1633Победа
СЛОВЕНИЈА1932Пораз

ЦРНА ГОРА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Никола Матовиќголман00
2Филип Вујовиќлево крило01
8Вук Лазовиќпивот20
9Радојица Чепиќцентрален бек04
11Бранко Вујовиќдесен бек09
12Миле Мијушковиќголман00
14Милош Вујовиќлево крило05
16Небојша Симиќголман00
17Василије Калуѓеровиќлев бек00
18Небојша Симовиќпивот20
21Васко Шеваљевиќлев бек01
23Божидар Симиќцентрален бек00
25Марко Ласицадесно крило10
26Ристо Вујачиќдесен бек00
32Божо Анѓелиќцентрален бек15
90Немања Грбовиќпивот08
 Вкупно 633

СЛОВЕНИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Јоже Базникголман00
2Сташ Скубецентрален бек02
3Блаж Благотиншекпивот14
5Ник Хенигманлев бек20
6Гашпер Маргучдесно крило04
8Блаж Јанцдесно крило00
11Јуре Доленецдесен бек06
15Вид Потекопивот01
17Нејц Цехтедесен бек01
20Тилен Кодринлево крило16
23Миха Зарабеццентрален бек00
25Тилен Соколиќлево крило01
35Домен Макуццентрален бек13
51Борут Мачковшеклев бек02
95Матиц Сухолежникпивот00
99Урх Кастелицголман02
 Вкупно 532

ЕП 2022, ГРУПА А – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ДАНСКА33006
2ЦРНА ГОРА32014
3СЛОВЕНИЈА31022
4МАКЕДОНИЈА30030