Ристовска продолжува со одличните настапи, ЦСКА Москва се загреа за ЛШ

Екипата на ЦСКА Москва славеше убедлива победа над младата екипа Алисa Уфа со 38:7 во рамките од 22. коло од рускиот шампионат и го завери местото во полуфиналето од плеј-офот.

На полувреме резултатот беше 24:4. Гостинската екипа во вториот дел постигна само три гола, во просек по еден гол на секои десет минути.

Македонската репрезентативка, Сара Ристовска во минутите на теренот успеа да запише четири гола и да биде меѓу најефикасните во високата победа.

Овој натпревар беше лесен тренинг и загревање за московската екипа пред важниот натпревар од четвртфиналето од Лигата на шампионите. ЦСКА Москва за противник ја има екипата на ЧСМ Букурешт. Првиот натпревар се игра на 3 април во Букурешт, а реваншот ќе биде во Москва на 11 април.