Управата на Рајн Некар Левен одлучи да не им ги продолжи договорите на Менсах Ларсен и Гедеон Гвардиола и тие на крајот на сезоната заминуваат од клубот. Но популарните „лавови“ не чекаа многу и веднаш започнаа да бараат замени за позициите кои се испразнети.
Како прво засилување се споменува интернационалецот од Шведска, Макс Даркс кој моментално настапува во Бергишер. Швеѓанецот има важечки договор со клубот со 2021 година и за овој трансфер многу големо влијане ќе имаат парите, со оглед дека во Рајн Некар пристигнува и Лагергрен за кој клубот треба да одвои дополнителни средства.
Второто име е Фабијан Бом, неговиот договор со Хановер истекува следното лето, а евентуалниот негов ангажман сигурно би бил од голема помош на Лагард и Шмид на надворешните позиции на кои играат ракометари со посилна десна рака.
Незадоволниот Лукас Нилсон од Кил се поврзува со трансефер во Рајн Некар иако има договор до 2021 година. Тој е незадоволен од улогата во тимот, а во корист на реализација на неговиот трансфер оди и тоа што од наредната сезона Сагосен ќе ја зголеми конкуренцијата во тимот и речиси сигурно ќе го истисне Нилсон од тимот.