Интернационалецот од Македонија кој игра во тимот на Тримо Требње во Словенија, Тоше Ончев доби признание со вбројување меѓу ракометарите кои покажаа најмногу во 4. коло.
Тој е на листата на која може да се гласа заедно со Јост Јуричан (Ур. Лока),Сандро Мештрич (Рико Рибница), Емир Талетовиќ (Горење), Тиме Поклар (Копер), Мидхад Муратовиќ (Херц Шмартно) и Тилен Штрмљан (Целје).
Ончев дојде во тимот на Требње летово и покажа дека може да биде одлично засилување за овој клуб. Дојде од Работнички и со своите игри веќе се наметнува кај тренерот Урош Зорман.
За него можете да гласате на следниот ЛИНК.