На првиот натпревар од 6. коло во Лигата на шампионите помеѓу Динамо Букурешт и Висла Плоцк во 27. минута од натпреварот дојде до краток прекин. Невообичаено за натпревар од Лигата на шампионите поради строгите критериуми за салите во кои се играат натпреварите, дождот направи проблеми.
Очигледно силниот дожд во Букурешт предизвика да пропушти кровната конструкција и еден дел од теренот да се натопи што беше причина судиите да го прекинат натпреварот. По интервенцијата на лицата задолжени за одржување на подлогата дуелот продолжи после пет минутен прекин.