По Мандалиниќ, АЕК Атина се засили со француско лево крило

Вицешампионот на јужниот сосед, АЕК Атина, работи активно на трансферот пазарот пред стартот на новата сезона.

Најново засилување на листата е француското лево крило Максимилијан Тике, кој потпиша договор на две сезони.

29-годишниот Французин доаѓа од Шербур, а претходно настапуваше за Роуен, Гонфревиј, Вернон и Лимож.

Претходно АЕК се засили со левиот бек Стипе Мандалиниќ, голманот Иван Мацкевич, пивотот Лукаш Рогулски и десниот бек Никола Јукиќ.