Ракометарот кој дојде во Охрид од редовите на Металопластика и имаше добра сезона, Игор Чагаљ си заминува од Македонија и својата кариера ќе ја продолжи во шампионатот на Швајцарија.
Пивотот кој има 26 години го стави потписот на договорот за тимот на Базел и ќе носи дресот на овој тим во новата сезона.
Чагаљ пред доаѓањето во Охрид настапуваше за составите на Металопластика, Војводина, Марибор, Гумерзбах и Пролетер.