Петка за Македонците во Ваљадолид

[addthis tool="addthis_inline_share_toolbox_tgn7"]

Тимот на Ваљадолид, каде што играат двајцата Македонци, Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски, загуби кај Бидасоа со 33-28.

Димитриоски постигна три гола од четири обиди на овој натпревар, додека Димитриевски беше стрелец на два погодоци од два обиди.

Победникот беше најавен уште по првиот дел, кога домашните ракометари водеа со три гола, 15-12.

Следен предизвик за македонското дуо и тренерот Давид Писонеро со Ваљадолид ќе биде на домашен терен против Кањас.