Охриѓани без мака против КЛ7

Тимот на Охрид ги освои првите бодови на стартот на новата сезона во суперлигашкото друштво. Избраниците на Раде Стојановиќ славеа на гостувањето кај новиот член на Суперлигата – КЛ7, со убедливи 23-29.

Уште на стартот на првиот дел гостите се одлепија на предност од три гола, 1-4. Беше и 2-7, а по 20 минути Охрид водеше со 6-13. За момент домашните ракометари врзаа два гола во серија и намалија на 8-13.

Сепак тоа беше само момент на блесок, бидејќи следуваа серија грешки што беа казнети од Андоновски, Блажески, Костов и Ивановски, за убедливи плус девет на пауза, 8-17.

Во вториот дел се измешаа поставите на теренот, двајцата тренери им дадоа шанса на повеќето ракометари од клупсата, но КЛ7 немаше сили да ја загрози високата предност на Охрид. До крајот, гостите рутинирано го затворија мечот со конечни 23-29.

Во следното коло што ќе се игра в понеделник, Охрид е слободен, а КЛ7 гостува кај Радовиш.

23 - 29
Конечен резултат

Место

СЦ „Борис Трајковски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
Г.А.-КЛ7823Пораз
ОХРИД1729Победа

Г.А.-КЛ7

# Играч Позиција Исклучување Голови
Никола Цветаноскилев бек01
Бобан Каковскицентрален бек00
Кристијан Симоноскипивот04
Игор Ѓоргиевцентрален бек05
Александар Стојковдесно крило00
Митко Петрескиголман00
Давид Даевпивот00
Филип Крстескипивот00
Мартин Димовскидесен бек02
Божидар Илиескицентрален бек04
Марко Стојковиќпивот01
Евгениј Темелкоскидесно крило02
Андреј Петковскиголман00
Емилијан Ѓорговскилев бек03
Андре Буторацдесен бек00
Глигор Гајиќцентрален бек01
 Вкупно 023

ОХРИД

# Играч Позиција Исклучување Голови
Крсте Андоновскилево крило04
Николче Ристескилево крило02
Михаил Иваноскидесен бек00
Јагош Брауновиќголман00
Игор Чагаљпивот01
Филип Кривокапиќцентрален бек07
Иван Тасескипивот02
Кристијан Димитриескипивот00
Мартин Манасковлев бек01
Мартин Ивановскицентрален бек02
Бобан Блажескидесно крило02
Наум Костовдесно крило02
Борче Соколовцентрален бек00
Никола Даниловскиголман00
Денис Тотдесен бек06
Филип Николовдесен бек00
 Вкупно 029

Officials

Судии:Делегат:
ГЕОРГИЕВСКИ ДЕЈАН
ГЕОРГИЕВСКИ ДИМИТАР
НАУМОВСКИ РУСЕ