Нов гигант во македонскиот ракомет – се фузирааат Вардар и Металург!

По примерот на битолските градски ривали Еурофарм Работник и Пелистер, кои се фузираа и веќе настапуваа под името Еурофарм Пелистер, на повидок е уште една фузија во македонскиот ракомет.

Станува збор за големите скопски ривали Вардар и Металург, кои за време на паузата до новата сезона, би требало да ги завршат сите формалности.

Екипата веројатно ќе го носи името Вардалург, домашните натпревари од Суперлигата ќе ги игра во Автокоманда, додека меѓународните во СЕХА и во Лигата на шампионите, ќе бидат одиграни во СЦ „Јане Сандански“.

Веројатно фановите на двете екипи тешко ќе ја прифатат ваквата одлука, но како што ќе одминува времето, ќе се навикнат на новиот тим.

Малку шега не е одмет во овие тешки моменти на борба со коронавирусот. Априлили…