Моќно издание на Шпанија во ЕХФ Купот против Словачка

Ракометарите на репрезентцијата на Шпанија имаа одлично издание на гостувањето во Словачка во натпревар од ЕХФ Купот и ја остварија првата победа откако беа доминантни и славеа со 30:18.

Избраниците на Жорди Рибера во текот на сите 60 минути имаа водство и повеќе од заслужено славеа победа. Отворија со 4:2, а многу брзо имаа убедливо водство откако со серија од 4:0 веќе беше пет разлика.

До крајот на првиот дел продолжи доминацијата на гостинскиот тим и Словачка заостануваше сè повеќе. На полувреме беше 16:8 за Шпанците, а и вториот дел им припадна нив, па разликата постојано се зголемуваше и достигна до највисоки 14 гола.

Ова беше прв триумф на Шпанија во ЕХФ Купот после поразите од Унгарија и Хрватска. Предводник во победата во шпанскиот тим беше Феран Соле со девет гола, Балагер постигна пет, додека Душебаев погоди четирипати. Во составот на Словачка најефикасен беше Томас Рецичар со четири гола.